„ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ги става националните и државните интереси пред партиските и затоа ги повикува пратениците од СДСМ да гласаат против предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барањето предвремени избори и доколку треба ќе поддржи опстојување на оваа власта, макар и како малцинска“, велат од опозициската партија.
„Ковачевски и Османи се одлучиле со просто мнозинство, макар тоа биле 41 партеник, да направат собраниска фарса, со цел да прикажат некаква транспарентност. Тоа што ќе се случува сега во оваа фаза во Собранието ќе биде информација, која суштински нема да делува на процесот, бидејќи процесот сега зависи од Владата. Но, важно е пратениците на СДСМ и другите партии од власта да бидат рационални и да ја сфатат штетноста за македонските евроинтеграции од еден ваков предлог на долг рок и да пркосат на уцените и диктатите, но и притисоците на партиските челници, кои немаат ништо заедничко со демократските и европските вредности. Така ќе покажат дека Македонија им е поважна од било каква партиска наредба“,
соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека власта решила да ја игнорира волјата на граѓаните.
„А ги игнорира и интелектуaлците и експертите по евроинтегративните прашања и сите оние кои им говорат дека содржината на предлог преговарачката рамка е крајно неповолна за Македонија и води кон две можни сценарија – или вечни преговори или асимилација“,
велат од партијата.