Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави протести за утре во пет градови низ земјава, а темата на пртестот ќе биде аерозагадувањето.
„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“,
се во соопштението.
Протестот во Скопје ќе започне во 19 часот пред зградата на Владата, а ќе се протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово.