„Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкус законски рок од три дена. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението е изготвено на 23 јуни 2023 година. Откако ги завршува бирократските процедури и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата ‘Тотал инженеринг’ на Вице Заев купила половина од парцелата. Следниот месец во Скопје, Никола и Вице ја формираат заедничката компанија ‘Фос имерас‘ која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаична централа и сопственик на парцелата. Фирмата во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена“, рече Митева на денешната прес-конференција
Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев здружено го освојуваат енергетскиот бизнис во Македонија. Вице Заев и Никола Филипче формирале заедничка фирма „Фос имерас“, која изгради соларна централа во околината на Дојран. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Марија Митева, пратеничка и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека соларната централа е готова во најкус можен рок, а сите пренамени на земјиштето до одобрение за градба се правени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче биле на власт.

„Фирмата ‘Фос соларис‘ во 2023 година ја формираат Вице Заев и Никола Филипче, односно сопственици на фирмата се две компании, ‘Тотал инженеринг‘ од Струмица во сопственост на Вице Заев и ‘Плус нетворк‘ во сопственост на Никола Филипче. ‘Фос имерас‘ гради 1,5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 илјади квадратни метри на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција“,
рече Митева.
Посочи за да се види како брзале да ја изградат соларната централа додека е СДС на власт, треба, како што рече таа, да се потсетиме на наводите од истражувањето на ИРЛ.
Според објавените податоци, прв сопственик на земјиштето била фирмата „Панама резорт“ од Скопје, која во 2016 година ја купила државната парцела од Република Македонија. Првична намена била на таа локација да се изгради винарница, што не се реализирало, па во 2021 година земјиштето е продадено на фирмата „Плус нетворк“, во сопственост на Никола Филипче.
„Фирмата на Никола Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски. По неполн месец, Советот на Општина Дојран, каде градоначалник е Анго Ангов од СДСМ, го измени ДУП и овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата“,
вели Митева.
Како што посочи Митева, бизнисот на Никола Филипче и Вице Заев е тежок четврт милион евра годишно, а за изградба на централата летале низ процедурите.
„Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкус законски рок од три дена. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението е изготвено на 23 јуни 2023 година. Откако ги завршува бирократските процедури и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година, фирмата ‘Тотал инженеринг’ на Вице Заев купила половина од парцелата. Следниот месец во Скопје, Никола и Вице ја формираат заедничката компанија ‘Фос имерас‘ која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаична централа и сопственик на парцелата. Фирмата во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена“,
рече Митева.
Според неа, ова е пример за владеењето на СДСМ и посочи дека додека народот чекал на ред пред шалтерите, Филипче и Заев летале низ процедурите за изградба на соларна централа.
