Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е срам не само за СДСМ, туку и за државата што воопшто некогаш бил министер. Од СДСМ им вратија дека по катастрофалните политики и скандали кои се нижат, „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат поддршката од ден во ден“
Венко Филипче да си поднесе оставка одд лидерското место во СДСМ и да ја ослободи партијата од багажот на Зоран Заев, побара денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е срам не само за СДСМ, туку и за државата што воопшто некогаш бил министер.
„Филипче го викаа доктор смрт бидејќи несмасното водење на корона кризата значеше губење на десетици илјади животи, а поради него Македонија имаше најлошо справување со коронавирусот во овој дел на Европа. Додека луѓе умираа неговата хациенда на Водно растеше, а тендерите и договорите во четири очи со омилената дрогерија Пановски се редеа. Да не заборавиме дека тој е министерот што нè убедуваше дека кабелот е крив за запалената модуларна болница, потоа најомилен тендер партнер во здравството му беа компаниите за јужно овошје. Тој е индиго на Зоран Заев, неговата најпослушна марионета инсталирана во врвот на СДС“,
соопштија од вадејачката партија.
Од СДСМ им вратија дека е разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Венко Филипче и дека по катастрофалните политики и скандали кои се нижат, „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат поддршката од ден во ден“.
„Мицкоски треба да знае дека неговата пропаганда е прочитана како буквар и нема да ги препокрие скандалите на неговата влада. Методите на постојани прес-конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата влада која Македонија ја имала од осамостојувањето. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да глуми таблоид кој сее шпекулации и апелира, повелете, докажете си ги сите обвинувања“,
посочија од СДСМ.
Оттаму ѝ порачаа на ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми опозиција.
„Кога владејачка партија која има двотретинско мнозинство само апелира наместо да делува, тоа само ја потврдува нејзината неспособност. Престанете да глумите опозиција, фатете се за работа, граѓаните веќе ја препознаваат измамата“,
реагираа од СДСМ.