ВМРО-ДПМНЕ бара да понесат одговорност сите државни функционери и гости што присуствуваа на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој денеска беше прославен во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
„Ваков јавашлак и рашомонијада со државните ресурси досега се незапамтени. Фрапантна е фотографијата на министрите и функционерите на власта кои без маска и соодветна заштита ги користат државните институции за славење роденден. Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на чело со Заев за родендени. Наместо министерствата да им служат на граѓаните, во Македонија тие им служат на функционерите на власта за славење родендени. Спасовски и Филипче наместо да се расфрлаат со приказни, нека ги казнат министрите кои во министерството на Груби не носат маска. Кога граѓаните плаќаат казни за неносење, тогаш тоа најмалку може да го направат и министрите и функционерите на власта“,
се вели во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.