Владите на САД, Србија и Косово се номинирани за нобелова награда за мир. Номинацијата доаѓа од Магнус Јакобсон, публицист и член на шведскиот парламент, а причината е договорот нормализација на економските односи кој минатата недела во Белата куќа со посредиштво на Доналд Трамп го потшиаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.
„Ги номинирав американската и владите на Косово и Србија за Нобелова награда за мир за нивната заедничка работа за мир и развој на економијата преку договорот потпишан во Белата Куќа. Трговијата и комуникациите се важни за градењето мир“,
напиша Јакобсон на неговиот Твитер-налог.

Неговата објава ја сподели и специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Ричард Генел.
Ова за Трамп е втора номинација за Нобелова награда за мир во само една недела, податок кој го нагласува и Гренел.

Првата номинација недела за Трамп дојде од норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе кој го номинираше за посредувањето во постигнувањето договор меѓу Израел и обединетите Арапски Емирати.