Фирмата „5 летерс“ сместена во крушевско, која ја загуби лиценцата за одгледување на марихуана не ги задоволува законските одредби во делот на кадарот, соопштија од Владата.
Како што веќе објавивме, на денешната владина седница е одлучено на оваа компанија да ѝ се одземе лиценцата, а во објаснувањето кое го испратија од прес-службата пишува дека фирмата не ги задоволува одредбите од Законот за контрола на опојни други и психотропни супстанции.
Тоа го констатирала Комисијата за оценување на овие околности која извршила две контроли, едната на 21 декември 2020, а другата на 12 јануари 2021.
„Констатирано е дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во делот на кадарот со што е постапено спротивно на член законските одредби за оваа дејност“
соопштија од владата.
Предлогот за одземање на лиценцата врз основа на ваквото мислење од комисијата го дало Министерството за здравство.
Станува збор за фирма чие производство е лоцирано во крушевското село Алдинци, од која неодамна без украдени 60 килограми марихуана, а при увид беше пронајдена и непријавена количина канабис.