Владата денеска донесе Уредба со законска сила за задолжување на нашата држава кај ММФ во износ од 176,7 милиони евра за финансиска поддршка од Инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба.
Како што соопшто владината прес служба по седницата, овие средства ќе се искористат за буџетски потреби во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на ковид-19.