Владата попладнево ќе одржи седница преку конференциска врска, но во соопштението оттаму не е прецизно наведено дали ќе се носи одлука за евентуално враќање на полицискиот час во критичните општини, каде што има најмногу новозаболени од коронавирусот во последните седмици, по олабавувањето на рестрикциите. Во известувањето за седницата единствено е наведено дека Владата, меѓу другото, ќе разгледа три предлог-програми поднесени од министерствата за земјоделство и за економија.
„На 63. седница, меѓу другото, на дневен ред се изменувања и дополнувања на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
соопштија од Владата.
Една од точките на дневниот ред на денешната седница се и измени на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија“,
Сепак, најавите од Владата се дека денеска ќе биде разгледан и предлогот на Комисијата за заразни болести, од која вчера беа побарани препораки за нови мерки за справување со актуелната ситуација со коронавирусот. Како што јавува порталот СДК, Комисијата не отстапува од предлогот за воведување полициски час од 22 до 5 часот наутро во општините кои се жаришта на ковид-19.