Владата усвоила извештај во кој наведува дека за успешна борба со коронавирусот потреба е вонредна состојба и со него ќе бара од претседателот Стево Пендаровски нејзино продолжување.
„Владата на денешната седница донесе заклучок да достави предлог до претседателот на Република Северна Македонија, со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба“,
соопштија од владината прес-служба.
Дека е извесно вонредната состојба да се продолжи денеска изјави и Пендаровски. Тој најави дека в четврток Советот за безбедност ќе дебатира дали ќе се продолжи вонредната состојба во земјава, бидејќи истекуваат 30. дена од прогласувањето.
Пендаровски на 18 март прогласи вонредна состојба во земјава како мерка за спречување на ширење на коронавирусот.