Целта на Макро-финансиската поддршка на ЕУ е да им помогне на земјите во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и да ги поттикне економските приспособување и структурните реформи
Владата на денешната седница одлучила да аплицира за користење на Макро-финансиската поддршка (МФП) од Европската унија која е наменета за државите кои не се членки на Унијата.
На денешната седница, Министерството за финансии добило обврска во рок од седум дена до Европската комисија да испрати формално барање за користење на МФП од ЕУ
„МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите земји опфатени со Европската соседска политика, а во одредени околности и други трети земји и има за цел да помогне на земјите апликанти за оваа финансиска поддршка во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските приспособувања и структурните реформи и е наменет како дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ“,
објаснуваат од Владата.