Со оваа одлука, како што се неведува во владиното соопштение, се прифаќа посочувањето на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови согласно Законот за празниците на РСМ
Владата на денешната седница одлучи да ја измени одлуката со која на крајот на декември препорача продавниците, штандовите и киосците да работат за време на божиќните празници – 7 и 8 јануари.
Со оваа одлука, како што се неведува во владиното соопштение, се прифаќа посочувањето на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови согласно Законот за празниците на РСМ.
Пред крајот на минатиот месец Владата препорача малите продавници и киосците да работат и за време на новогодишните и божиќните празници пред сè, како што соопштија, во интерес на граѓаните.
И покрај апелите на здруженијата за заштита на работничките права да не се работи за време на празниците, дел од продавниците, по препораката на Владата, работеа на 31 декември и на 1 јануари.