Целта на владината препорака, e да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на празниците, особено за оние што живеат во помали градови и места каде што нема трговски центри кои вообичаено работат и за државните и верските празници
Продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало да работат и за време на претстојните новогодишни и божиќни празници, препорача Владата.
Целта на владината препорака, која е на предлог на Министерството за економија, e да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на празниците, особено за оние што живеат во помали градови и места каде што нема трговски центри кои вообичаено работат и за државните и верските празници.
Во дел од образложението што Економија го дала за оваа препорака, било наведено дека за време на празниците во земјава има поголем број туристи, поради што има потреба да се овозможи да пазаруваат, а со тоа да придонесат во растот на потрошувачката.
Препораката би важела за последниот ден од годинава, за 1 јануари 2024 година, како и за 7 и 8 јануари – Божиќ.