Според последните податоци на Министерството за здравство во земјава примени во болница се вкупно 417 пациенти со ковид-19. Дополнително уште две лица кои се во болнички услови се водат како суспектни на вирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти, а вкупно се лекуваат 93 пациенти со коронавирусот. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се лекуваат пет деца и шест мајки позитивни на ковид-19, а едно дете и една мајка се суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет лица, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 21 113 лица со ковид-19. Од нив оздравени се 16 301, починати се 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 015.