Двомесечно бебе од Битола е меѓу новозаразени случаи за кои вчера информираа здравствените власти.
Во Битола вчера беа регистрирани вкупно 12 нови случаи, а од податоците кои ги објавува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Битола, може да се види дека најмладиот позитивен пациент од нив е на возраст од 2 месеци.
Порталот „СДК.мк“, објави дека бебето е со лесна клиничка слика, како и оти неговата мајка исто така е позитивна на вирусот.
Инаку од вчерашните 12 случаи во Битола, петмина дале податок дека имале контакт со позитивно лице.
Според вчерашниот извештај од Министерството за здравство во Битола од почетокот на пандемијата се регистрирани 388 случаи со ковид-19, а во моментов активни се 105.