Денот по изборите во Србија, на кои победи Студентската листа, информативната програма на Радио-телевизија Војводина го започна со извинување до гледачите, велејќи дека јавниот сервис со години не ја извршувал својата функција, молчел, давал еднострани информации и не поставувал вистински или воопшто не поставувал прашања
Пред два дена оставка поднесе и генералната директорка на Радио-телевизија Србија (РТС), Мања Грчиќ, на барање на Студентската листа и дел од вработените во јавниот сервис
Генералниот директор на српската Радио-телевизија Војводина (РТВ), Горан Караџиќ, поднесе оставка. Тој на оваа позиција беше од октомври 2023 година, а кратхо пред тоа ја извршуваше функцијата в.д. генерален директор.

На почетокот на оваа недела, оставки поднесоа и главниот уредник на РТВ Војводина, Ненад Чаќиќ, в.д. директорката на првата програма и уредничката на веб-редакцијата, Весна Искрин.
Денот по предвремените парламентарни избори во Србија, на кои победи Студентската листа, информативната програма на Радио-телевизија Војводина го започна со извинување до гледачите. Тие во обраќањето до јавноста порачаа дека јавниот сервис со години не ја извршувал својата функција, молчел, давал еднострани информации, известувал некритички и не поставувал вистински или воопшто не поставувал прашања.
Студентската листа објави дека не го прифаќа извинувањето и побара смена на одговорните.
Пред два дена оставка поднесе и генералната директорка на Радио-телевизија Србија (РТС), Мања Грчиќ.
Пред да замине од функцијата, Грчиќ ја разреши и главната уредничка на информативната програма Бојана Младеновиќ. Оставката на генералната директорка на РТС беше одговор на барањата на Студентската листа и на дел од вработените во јавниот сервис.
