Во Градската општа боница „8 Септември“ денеска се примени нови 11 ковид-пациенти, а вкупно со болницата се хоспитализирани 65 пациенти. Од вкупниот број петмина се на респираторна машина, информира Министерството за здравство.
Вкупниот број на пациенти со ковид кои се лекуваат во болничките капацитети низ земјава изнесува 291.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Дневната статистика за состојбата со ковид во земјава може да ја прочитате тука.