Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за бројката на нови дијагностицирани пациенти позитивни на коронавирусот и предвидувањата за пикот, односно дали може да се очекува пораст на бројот на случаи во текот на месецов.
„Имавме само еден ден со над 70 нови регистрирани случаи и цела недела, од понеделник до денес кога зборуваме имаме линеарен број на дијагностицирани со ковид 19 и како што сме кажале порано во други емисии, ние сме го предвиделе ваквиот тренд и верувам дека ќе ја зачуваме оваа линија на дијагностицирани и ова говори дека ние речиси сме во прогнозите што ги имавме во месец јануари“,
вели Зибери.
Тој уште еднаш се осврна и на својата изјава дадена пред неколку дена со предвидување дека бројот може да се качува и до стотина нови случаи дневно.
„Не, јас мислам дека се уште е рано да дадеме некое предвидување дали ќе бидеме до таа бројка која ја дадов пред неколку дена, затоа што со оглед и на бројот на тестови што се прават во нашата земја, а ние сме ограничени колку лица треба да се тестираат дневно, вклучувајќи ги тука и ИЈС и други приватни лаборатории кои прават тестирања, како „Жан Митрев“ и затоа мислам дека сега не можеме да кажеме дека нема да ја достигнеме таа бројка. Кога јас сум кажал дека може да достигнеме до сто пациенти дневно сум ги имал во предвид и информациите кои ни доаѓале од терен, затоа што токму екипите на Центарот за јавно здравје се тие кои се директно инволвирани на терен и ние имаме реална слика за тоа каде и што не очекува во иднина“,
вели Зибери.
Како што објаснува Зибери, тимовите на ЦЈЗ земаат брисеви на терен коишто ги пренесуваат во лабораториите каде се прават тестирањата и изјавата била дадена земајќи ја во предвид ситуацијата во државата која ја забележуваат тимовите на центарот.