Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска посетил ранети војници во болница во Киев, со кои тој поразговарал и се фотографирал, потврди украинското Министерство за одбрана.
Ова е прва посета на украинскиот лидер на болница во која лежат ранети украински војници, по воената инвазија на Русија која започна на 24 февруари, а и самиот Зеленски објави видео од посетата на социјалните мрежи.
„Во посета на нашите ранети борци. Оздравете што побргу. Јс верувам дека најдобар подарок за вашето повлекување ќе биде наша заедничка победа!“,
пишува Зеленски на Фејсбук.