Непријателите може да ги нападнат нашите градови, но нема да можат да нè скршат, напиша украинскиот претседател на Телеграм
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Телеграм ги коментираше нападите врз Киев утринава.
„Цела ноќ и цело утро непријателот ги тероризира цивилите. Беспилотни летала и ракети камикази ја напаѓаат цела Украина. Во Киев е погодена станбена зграда. Непријателите може да ги нападнат нашите градови, но нема да можат да не скршат. Окупаторите ги чека праведна казна и осуда на идните генерации. Ќе избереме победа“,
рече Зеленски.
Експлозиите се случија во Киев околу 7 часот по локално време, а се огласија и сирените за воздушен напад. Една од експлозиите се слушнала во близина на центарот на градот. Сè уште нема информации за жртви.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека како резултат на нападот со дрон избувнал пожар во нестанбена зграда, а исто така дека се оштетени станбени згради во централното подрачје на областа Шевченковски, јавува Би-би-си. Засега нема информации за жртви. Кличко предупреди дека воздушната закана продолжува и ги повика граѓаните да останат во засолништа.