Неколку минути пред да пристигне, луѓето во центарот на Херсон можеа да слушнат гранатирање во близина. Откако Зеленски го заврши својот говор, низ градот одекнаа уште неколку експлозии од артилериски оган
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети Херсон, неколку дена по повлекувањето на руските трупи од тој град во јужна Украина по неколкумесечна окупација, изјави сведок на Ројтерс, пренесува „Ерусалим пост“.

„Одиме напред. Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја“,
им рече Зеленски на војниците.
Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за поддршката во војната против Русија.
На главниот плоштад се собраа и родители со деца, некои туркаа колички за бебиња.
Некои вееја украински знамиња, додека други го носеа знамето на рамена.
„Навистина сум среќен, може да се види од реакцијата на луѓето, нивната реакција не е исценирана“,
рече тој во коментарите на кои сведочеше дописникот на Ројтерс од Херсон.
Запрашан каде може следно да напредуваат украинските сили, тој рече:
„Не кон Москва… Не сме заинтересирани за териториите на другите земји“.
Неколку минути пред да пристигне, луѓето во центарот на Херсон можеа да слушнат гранатирање во близина. Откако Зеленски го заврши својот говор, низ градот одекнаа уште неколку експлозии од артилериски оган.
Украинските војници пристигнаа во центарот на Херсон во петокот откако Русија го напушти единствениот регионален главен град што го зазеде откако Москва ја започна својата инвазија.