Тој доцна синоќа се сретна со косовските Срби за да разговара за последните тензии во Косово, бидејќи косовскиот премиер Албин Курти првично одби да ја одложи одлуката за казнување на возачите кои нема да ги пререгистрираат своите возила
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со претставниците на Србите од Косово изјави дека „време е како народ да покажеме сериозност и одговорност и да ги зачуваме нашите вековни огништа“.
„Ги замолив да бидат внимателни, да бидат смирени, да го зачуваат мирот и стабилноста и да одговорат на туѓата ароганција онака како што секогаш реагираат пристојните луѓе – дека сакаме само да го заштитиме своето и ништо повеќе“,
рече Вучиќ на Инстаграм.
Тој доцна синоќа се сретна со косовските Срби за да разговара за последните тензии во Косово, бидејќи косовскиот премиер Албин Курти првично одби да ја одложи одлуката за казнување на возачите кои нема да ги пререгистрираат своите возила.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, вчера во Брисел изјави дека не е постигнат договор меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички. Тој рече дека европските преговарачи им дале предлог на Вучиќ и Курти со кој можело да се избегне ризична ситуација на северот на Косово и дека Вучиќ го прифатил, но Курти не.
Во меѓувреме, на покана од САД, тој сепак се согласи да го одложи спроведувањето на таа одлука за 48 часа, наведувајќи дека е среќен што ќе работи со САД и ЕУ за изнаоѓање решение во следните два дена.