Во соседна Србија денеска е објавена политичка реклама во која главната улога ја игра претседателот на северниот сосед, Александар Вучиќ. По содржина, рекламата е честитка за н Нова година, но во неа се измешани повеќе елементи, што веќе предзвика поделени реакции во српската јавност.
Седнати на кауч, група млади гледа спортски натпревар и зборува дали се можни чуда. Во еден дел на дебатата, едно од лицата прашува дали е можно да се случи чудо и сега да дојде Вучиќ и да им донесе чај, по што српскиот претседател се појавува во спотот носејќи чај, а потоа продолжува да објаснува дека чудата се можни, редејќи ги успесите на неговата партија.
Интересно е и што еден од „актерите“ во видеото е добро познат во српската јавност. Станува збор за момче кое се онесвести при едно гостување на Александар Вучиќ пред неколку години на ТВ “Хепи”, по што српскиот претседател ја прекина емисијата и скокна да му „помогне“.