Дел од жителите споделуваат фотографии од штетите на тутунските насади, за кои велат дека во овој период се наоѓаат во чувствителна фаза. Посочуваат дека за многу семејства во Дебреште тутунот претставува значаен извор на приходи, поради што евентуалните поголеми штети од невремето би претставувале сериозен удар за земјоделците
Силно невреме со пороен дожд и крупен град попладнево ги зафати Прилепско и Долненско. Локалните медиуми јавуваат дека најинтензивни врнежи се регистрирани во прилепско Мало Коњари и во селата Дебреште и Ропотово во Општина Долнени, каде што паѓал град со големина на лешник.

Дел од жителите на Дебреште на социјалните мрежи објавија видеа од невремето.
Други, пак, споделуваат фотографии од штетите на тутунските насади, за кои велат дека во овој период се наоѓаат во чувствителна фаза. Посочуваат дека за многу семејства во Дебреште тутунот претставува значаен извор на приходи, поради што евентуалните поголеми штети би претставувале сериозен удар за земјоделците.
Точниот обем на штетите педизвикани во невремето допрва ќе се утврдува.
