Според Си-ен-ен, на ноќните снимки доставени од Украина се гледа како поморски дронови летаат кон рускиот брод пред да експлодираат при ударот предизвикувајќи значителна штета на бродот. На крајот од видеото се чини дека бродот потонува. Сепак, според американскиот медиум, не можат целосно да ги потврдат тврдењата на Украина, но и дека од снимката не е јасно кој е бродот и кога е погоден. Руското Министерство за одбрана, Кремљ и други руски официјални лица сè уште не го коментирале инцидентот
Украинското воено разузнавање утрово објавило ноќни снимки за кои вели дека се морски дронови кои вечерта го уништиле рускиот воен авион „Ивановец“ во близина на брегот на Крим, пренесува Си-ен-ен.

Оттаму додаваат дека тоа е последниот во серијата удари врз руската Црноморската флота откако претходниот ден извршиле масовен ракетен напад на окупираниот полуостров.
„Рускиот ракетен брод ‘Ивановец’ претрпел повеќекратни удари на трупот пред да потоне во текот на ноќта во пристаништето на езерото Донузлав, најдлабокото езеро на Крим“,
соопшти украинското одбранбено разузнавање.
Според Си-ен-ен, на ноќните снимки објавени на платформата „Икс“, од страна на Украина се гледа како поморски дронови летаат кон рускиот брод пред да експлодираат при ударот предизвикувајќи значителна штета на бродот.
#працюєГУР
— Defence intelligence of Ukraine (@DI_Ukraine) February 1, 2024
? «Івановєц» на дні ― внаслідок спецоперації ГУР МО знищено ракетний корабель ворога
? https://t.co/b8MQb3KJrk pic.twitter.com/Tu6uuaF2rt
На крајот од видеото, според Си-ен-ен, се чини дека бродот потонува.
Оттаму велат дека не можат целосно да ги потврдат тврдењата на Украина, но и дека од снимката не е јасно кој е бродот и кога е погоден.
Руското Министерство за одбрана, Кремљ и други руски официјални лица сè уште не го коментирале инцидентот.
Потонувањето на „Ивановец“ е последниот во серијата украински напади врз руската Црноморска флота бидејќи се обидува да зададе стратешки и симболични удари против руските сили кои го присвоиле Крим во 2014 година.
Украина претходно соопшти дека нејзините напади врз Крим и руските бродови имаат за цел да се обидат да го изолираат полуостровот и да и отежнат на Русија да ги одржи своите воени операции на украинското копно.
Најзабележителен од нејзините напади беше нападот на Москва во април 2022 година, што ја принуди Русија да го промени начинот на кој дејствува блиску до областите контролирани од Украина.
Бродот стана озлогласен откако се закани дека ќе го бомбардира Змискиот остров во Црното Море доколку украинските војници кои го бранат не се предадат.
Нападите доаѓаат откако во тамошната јавност се присутни шпекулациите за можното отпуштање на врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужњи, од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски.