Во сабота дожд и снег на повисоките места, а на планините нова снежна покривка. Во недела заладување и слаби врнежи од дожд и снег, кои до крајот на денот ќе престанат
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе продолжи облачното време со повремени врнежи од дожд, кои во југозападните делови ќе бидат пообилни.
Во сабота, од попладневните часови на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во дожд и снег, а на планините ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, а во североисточните делови засилен до силен северен ветер.
Во недела се очекува заладување, со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег, кои до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
