Снимка од телевизиската настава која се емитува на ХТВ стана вистински хит на социјалните мрежи поради проблемот што ги снајде водителката и учителката кои се намачија да решат тест за меморија.
Во задачата во која треба да се употреби помнење за да се спојат четири пара од осум наведени термини, водителката и наставничката неколку минути не успеваат да го сторат тоа.
„Баш не ни оди како што треба“, вели во обидот да се пошегува наставничката, изразувајќи надеж дека учениците кои од дома треба да ја решат задачата се поуспешни од нив.
„Нема врска, сега ни се смеат. Малку ги насмеавме“, заклучува водителката, а од студиото може да се чуе гласното смеење на камерманите.
„Деца, најдобро ќе биде вие ова да го решите, па да ни се јавите. Можеби ќе бидете поуспешни, ние тука целосно се збунивме“, порача наставничката.