Пеплосани се повеќе дуќани во Трговскиот центар „Глобал“ кој доцна вечерва го зафати пожар.
Според информациите што ги објавуваат локалните медиуми, пожарот пламнал во продавницата „Џо-Го“ по што тој се проширил во соседните дуќани.
Струмичката противпожарна единица и комуналното претпријатие се обидуваат да го локализираат пожарот.
Локалните медиуми јавуваат дека материјалната штета е огромна, но и покрај тоа што во близина има две возила на итната медицинска помош, нема информации дали од пожарот има настрадани.
