Локалната Телевизија Вис јавува дека избувнал пожар во трговскиот центар Глобал во Струмица кој зафатил повеќе продавници.
Противпожарните екипи во моментов се обидуваат да го спречат ширењето на пламените јазици.
Во пламен е продавницата Џо-Го, но во опасност се и другите локали кои се во негова близина, јавува ТВ Вис.
Засега нема информации за евентуално повредени лица а не се знае ниту причината која го предизвикала пожарот.
