Утре ќе има сончево време со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Во текот на денот ќе дува умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 0 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 9 до 19 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 степени наутро, до 16 во текот на денот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени.
Од почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот, наведуваат од УХМР.
