Докос на објавената снимка разговара за украински воен поморски дрон што во мај бил исфрлен на брегот во близина на островот Лефкада , а изнесува и проценка дека Грција ќе одржи парламентарни избори во наредните месеци
Советникот за национална безбедност на Грција, Танос Докос е уште еден на списокот измамени од страна руските пранкери Вован и Лексус, пренесуваат грчките медиуми. Во видео објавено на социјалните мрежи, кое трае речиси 12 минути, Докос мисли дека разговара со Рустем Умеров, висок советник за национална безбедност на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На објавената снимка се слуша како Докос разговара за украински воен поморски дрон што во мај бил исфрлен на брегот во близина на островот Лефкада, како и за внатрешно-политичките случувања во земјата.
Πριν λίγο οι Ρώσοι φαρσέρ Vovan & Lexus δημοσίευσαν βιντεοσυνέντευξη με τον Θάνο Ντόκο, Σύμβουλο Εθνικής Ασφαλείας του ΠΘ Μητσοτάκη να ομολογεί ότι έρχονται εκλογές σε λίγους μήνες!
— Panagiotis G. Pavlos (@PGPavlos) July 3, 2026
Λέει και άλλα…
Δείτε το! Θα καταλάβετε με πόσο άχρηστους πρόθυμους κυβερνώντες έχουμε μπλέξει:👇 pic.twitter.com/X87Ns5J5W6
Во дел од разговорот тој изразува загриженост за последиците од иден можен инцидент, особено во текот на летната сезона, која е од големо значење за Грција.
„Сега е туристичка сезона и има зголемен поморски сообраќај. Ги разбираме потребите на војната, но не сакаме војната да се прелее на нашата територија или во нашите територијални води“,
вели Докос на снимката.
Во разговорот тој посочува и дека голема дипломатска криза меѓу Атина и Киев би можела да го наруши единството во НАТО и Европската Унија, во време кога на Украина очајно ѝ е потребна едногласната поддршка од сојузниците, а изнесува и проценка дека Грција ќе одржи парламентарни избори во наредните месеци.

Снимката предизвика остри политички реакции во Грција. Опозицијата побара Владата да ја потврди автентичноста на видео-материјалот и оставка поради откривање чувствителни безбедносни информации.
„Катимерини“ пренесува став од грчката влада дека Докос за време на разговорот не открил доверливи или класифицирани информации. Како што се наведува во објавата, грчките власти порачуваат дека се унапредуваат мерките за безбедност на комуникациите за да се спречат слични „хибридни напади“. Според властите, пранкерите користеле „високо напредна“ технологија базирана на вештачка интелигенција.
Жртва на руските пранкери Вован и Лексус беше и поранешниот македонски премиер Зоран Заев. Од Владата тогаш соопштија дека разоткриле хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што бил злоупотребен идентитетот на екоактивистката Грета Тунберг. Манипулаторите, како што беше соопштено употребиле брендирани имејл-адреси и телефонски броеви и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.
