Огнот е ставен под контрола со брза интервенција на пожарникарите
Пожар избувна денеска во центарот на Сплит, внатре во Диоклецијановата палата, јавува порталот „Далмација данас“.
Густ чад се ширеше низ стариот град. Пожарникарите веднаш влегоа во најмалку четири возила и тргнаа во гаснење на огнот, јавуваат хрватски медиуми.
Според неофицијални информации, пожарот избувнал во ресторан лоциран во внатрешноста на палатата на Диоклецијан. Огнот е ставен под контрола со брза интервенција на пожарникарите.
Диоклецијановата палата е градена во времето на римскиот цар Диоклецијан. Повеќе од четири децении историскиот дел во центарот на Сплит околу палатата на Диоклецијан е на листата на УНЕСКО за светско наследство.