Според германските медиуми, пожарот избувнал утрово околу 4:30 часот во една од болничките соби, по што се проширил кон покривот на Одделот за радиологија. На местото веднаш интервенирале пожарникари, а биле мобилизирани сите противпожарни единици од областа
Поради густиот чад, локалните власти ги повикаа жителите да ги држат прозорците и вратите затворени
Двајца пациенти загинаа, а најмалку 34 лица се повредени во пожар што рано утринава избувна во болницата во Лудвигслуст, во германската сојузна покраина Мекленбург – Западна Померанија.

Според германските медиуми, пожарот избувнал утрово околу 4:30 часот во една од болничките соби, по што се проширил на покривот на зградата каде што се наоѓа Одделот за радиологија. На местото веднаш интервенирале пожарникари, а мобилизирани се и сите противпожарни единици од областа.
Пожарот е ставен под контрола и веќе нема отворен пламен, но спасувачките екипи и натаму работат на терен. Болницата е целосно евакуирана, вклучително и помошните објекти, а пациентите се префрлаат на безбедни локации во рамките на комплексот.
Ургентниот центар привремено беше затворен, но подоцна повторно е пуштен во функција.
Според германската новинска агенција ДПА, во пожарот загинале две лица, а најмалку 34 се повредени. Засега не се соопштени информации за тежината на нивните повреди.
Поради густиот чад, локалните власти ги повикаа жителите да ги држат прозорците и вратите затворени.
Пред болницата се собрани голем број роднини на пациентите, кои чекаат информации за своите блиски, а за нив е отворена и телефонска линија за поддршка.
