Од полицијата информираат дека пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје
Дел од медиумите пренесуваат и дека семејства со мали деца во паника се симнувале по скалите и ја напуштале зградата. Чадот од пожарот за само неколку минути го исполнил влезот на објектот, а тие биле разбудени од тропањето на полицијата на вратите, но и од силни детонации и звуци
Утрово околу 05:45 часот избувна пожар во орман на ЕВН пред зграда на булеварот „Борис Трајковски“ во скопска Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во пожарот, според полицијата, биле зафатени и изгореле кабли.

„Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“,
се вели во полициското соопштение.
Според МВР, се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот, како и за целосно расчистување на случајот.
Како што пишува порталот „МКД.мк“, повикувајќи се на сведоштва од станарите на зградата, чадот од пожарот за само неколку минути го исполнил влезот на објектот, а тие биле разбудени од тропањето на полицијата на вратите, но и од силни детонации и звуци.
Дел од медиумите пренесуваат и дека семејства со мали деца во паника се симнувале по скалите и ја напуштале зградата.
Според станарите, пожарот настанал откако се запалила електрична инсталација што била поставена од ЕВН и каде во изминатиот период се изведувани работи.
Во моментов зградата е без електрична енергија.
Ова е видео од пожарот што настал во орман на ЕВН пред зграда во скопска Кисела Вода:
