Повеќе стотици демонстранти, кои, како што може да се забележи, делумно се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19, тргнаа од паркот во Чаир и треба да поминат пред зградата на Владата, така што ќе го завршат собирот пред Канцеларијата на ЕУ
Лидерите на Алиајнсата на Албанците и на Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши ја прдводат протестната колона низ скопските улици, во знак на револт од изборните резултати, со кои, според оваа коалиција, сериозно е загрозена изборната волја на Албанците во земјава.
Протестот почна во 19 часот во паркот во Чаир, а повеќе стотици демонстранти, кои, како што може да се забележи, делумно се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19, треба да поминат пред зградата на Владата и да го завршат собирот пред Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Коалицијата на Алијанса и Алтернатива освои 12 пратенички мандати на изборите на 15 јули или три помалку од досега владејачката ДУИ.
Коалицијата поднесе повеќе повеќе десетици приговори до ДИК, а потоа и жалби до Управниот суд, обвинувајќи ја ДУИ за изборна кражба.
Но ДИК и Судот ги одбија сите жалби и приговори што беа поднесени за гласањето и за сумирањето на резултатите, вклучително со тое на Алијансата за Албанците.