Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево пред Министерството за правда го започна петтиот по пред тематски протест. Овој протест, како што го најавија, е против сите неправди или како што пишува и на транспарентот што го носат демонстрантите „Против реваншизмот и политичкото насилство“.
Партискиот лидер Христијан Мицкоски и еден од потпретседателите, Александар Николоски како и други партиски функционери се на почетокот на толпата која го започна протестниот марш.
„Оставка“, „Мафија“, „Македонија“, „ВМРО“, се паролите кои ги скандираат демонстрантите. И на овој протест демонстранте се со трансоаренти на кои се испишани пароли кои се однесуваат на темата на протестот.
„Монструмите на слобода, уставобранителите во затвор“, „Вработени на улица, децата на власта на функција“, „За тегла ајвар затвор, за убиството кај Млечен слобода?!“, се дел од паролите.
Демонстрантите, според планот, од пред Министерството за правда преку мостот „Гоце Делчев“, маршот треба да го завршат пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Најавувајќи го овој протест на социјалните мрежи, Мицкоски обвини дека државата ја водат антинационална власт која тргува со достоинството, а невини луѓе лежат во затвор само затоа што, според него, ја сакаат Македонија. Како неправда, тој ја спомена и условната казна за сообраќајката кај „Млечен ресторан“, но и затворската казна за Гордана Јанкулоска за начинот на набавка на блиндираниот мерцедес.

„Во Македонија под водство на оваа власт крвнички се претепуваат неистомисленици, судските пресуди ги диктира Заев, обвинителството се занимава само со опозицијата која критикува, а преспива на очигледните криминали на власта, врши прогон на медиуми и затвора новинари. Македонија, исто така е држава во која за убиство во сообраќајка се добива само условна казна и се затвора мајка на мало дете затоа што легално набавила автомобил за потребите на државата, автомобил од кој не слезе Зоран Заев, а се затвора само затоа што е поранешен функционер на ВМРО – ДПМНЕ“,
посочи Мицкоски во повикот за овој протест.


Првиот протест по формирањето на новата влада опозицијата го започна на 9 септември. Со марш од пред Министерството за правда до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), партијата протестираше против поскапувањето на струјата.

Исто така за струјата, ВМРО-ДПМНЕ организираше уште два протести (на 11 и на 17 септември), но на нив со автомобили го блокираа сообраќајот околу просториите на РКЕ.
- Заврши протестот на ВМРО-ДПМНЕ за струјата
- ВМРО-ДПМНЕ на трет протест за струјата: Јанушев залепи транспарент „Оставка“ на вратите на Регулаторна
ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи, минатата недела (15 септември) одржа протестен марш кој го наслови За ЕУ, за Гоце Делчев и за Македонија“. И тој протест започна пред Министерството за правда, а заврши пред Министерството за надворешни работи каде толпата стигна движејќи се преку мостот „Гоце Делчев“.

*Поврзани вести: