На вчерашната седница на косовското собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците на опозициската партија ДПК и владиниот кабинет
Додека пратениците на опозицијата во Косово вчера ја блокираа говорницата на собранието, пратеничката на Самоопределување, Адријана Матоши, која по професија е актерка, се исмејуваше со насилството. Таа на лист хартија напиша „Втора рунда“ и направи „театар“ во собранието, по што доби аплауз од колегите од партијата.
На вчерашната седница на косовското собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците на опозициската партија ДПК и членовите на владиниот кабинет. За вчерашните случувања во собранието на Косово, Основното обвинителство ги повика на разговор вицепремиерот Бесник Бислими и министерот за финансии, труд и транспорт, Хекуран Мурати, а според медиумите во Косово на разговор бил повикан и пратеникот на ДПК, Мергим Луштаку, кој беше дел од тепачката, но тој не одговорил на поканата на Основното обвинителство.