Шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за „360 Степени“ зборуваше и за тоа како по состанокот во Берлин меѓу македонските и бугарските делегации во посредство со германските претставници, првично имаше оптимизам за напредок во преговорите, но подоцна се покажа дека бугарската страна во овој момент нема да попушти.
„Наводно тоа што е усно договорено во Берлин, подоцна е одбиено и од нивниот претседател Румен Радев и од нивниот премиер Бојко Борисов“,
рече Пендаровски.
Додаде дека во телефонскиот разговор што го имал со неговиот бугарски колега, Румен Радев, прва констатација било дека тие двајца не се дел од преговарачкиот процес и тоа дека го водат работни тимови од министерствата за надворешни работи на Бугарија и С Македонија.
„Мојот впечаток е дека што се случувало во Берлин, но и пред и по Берлин, се од втора рака“,
додаде Пендаровски.