Четириесет часа по земјотресот, близнаците Амине и Ахмет Елчин беа извлечени од под урнатините
Осумнаесетмесечни близнаци се спасени од под урнатините на зграда, 40 часа по разорниот земјотрес во Газиантеп.
Спасувачките екипи на терен работат на спасување на луѓето кои останале под урнатините на една петкатна зграда во Газиантеп, Турција.
Четириесет часа по земјотресот, близнаците Амине и Ахмет Елчин беа извлечени од под урнатините.
Извлекувањето го снимија екипите на теренот.
Спасувачите извикувале „чудо доаѓа“, а бебето, кое во солзи беше извадено од купиштата бетон, им е предадено на медицинските екипи на земја.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција рано наутро во понеделникот. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарчик во Кахраманмарас. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот.
После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.