Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“, вели дека многу важно и за С Македонија и за Бугарија е да има пробив во европскиот процес во декември.
Тој смета дека отвореноста за надминување на недоразбирањата меѓу двете земји треба да се искористи сега.
„Мислам дека е многу важно да има пробив сега и тоа е, исто така, важно и за Бугарија. Овој стадиум на отвореност, на подготвеност за создавање мост меѓу двете држави, доколку се отфрли, алтернативата е конзервирање и многу тешко пробивање поради атмосферата која би се создала. Би била стратешка грешка доколку се отфрли оваа отвореност на државата и ако не се даде шанса во услови кога дополнително се создава предвидливост во имплементацијата на Договорот“,
вели Османи.