Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 7 април 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува потпретседателот на ДУИ и поранешен министер и пратеник Арбер Адеми
Што мислат во ДУИ за критиките од Арбен Таравари за функционирањето на ВЛЕН во Владата, како го коментираат разногласието во коалицијата, кој од ДУИ комуницира со Таравари, има ли понуда за соработка на локалните избори, дали тоа е пократкиот пат до предвремени парламентарни избори за што се залага ДУИ? Ова се дел од прашањата до потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Адеми го прашуваме и дали ДУИ ќе учествува на локалните избори (по најавите за бојкот и нивно попречување) ако паралелно не се одржат и парламентарни. Разговараме и за оценките на лидерот на партијата Али Ахмети дека состојбата со Албанците во земјава е вратена како пред 2001 година. Зошто мислат дека истрагата за пожарот во Кочани е политички мотивирана и како се чувствува Крешник Бектеши кој е во притвор, се исто така дел од прашањата до Арбер Адеми.