Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 20 јуни 2022 г. на ТВ Алсат
Во периодот од 2011 до 2021 година политичките партии потрошиле 26,5 милиони евра од државниот буџет за финансирање на активностите. Од 2018 година сумата што (треба да) се троши за оваа намена беше зголемена од 0,06 на 0,15 отсто од изворните приходи на буџетот (150 насто). Еден од аргументите беше дека на тој начин ќе се намали потребата од приватни донации, кои, пак, се ризик од корупција. Дали промената се покажа за правилен чекор е едно од прашањата за кои дебатираме со Агим Нухиу, заменик-министер за правда (во својство на претставник на ДУИ), Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Татјана Димитровска, помошничка на главниот државен ревизор и Миша Поповиќ, постар истражувач од Институтот за демократија.