Изминатите две години, како што додаде, е реализиран значителен дел од проектот и најави дека автопатот наскоро ќе биде ставен во функција за граѓаните
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека градежните активности на автопатската делница Охрид–Кичево влегуваат во последната, финална фаза.

Посочи дека во изминатите две години е реализиран значителен дел од проектот и најави дека автопатот наскоро ќе биде ставен во функција за граѓаните.
„Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид–Кичево, каде последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат“,
напиша Николоски на Фејсбук.
Според него, инфраструктурните проекти низ земјта продолжуваат да се реализираат.
„Се гради Македонија“,
додаде тој.
Во јануари Николоски објави дека четириесет километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција. Претхосно, пак, при увид на работите на оваа делница рече дека на потегот се прават сложени инженерски и градежни зафати, што за првпат се изведуваат во регионот, со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето.
