Според извештајот на британскиот национален радиодифузер, во нападите во раните утрински часови пет лица се убиени во градот Днипро, додека 25 се повредени, а уште четири лица смртно настрадале во Киев. Во рускиот напад на главниот град на Украина повредени биле најмалку 51 лице, од кои 35 се пренесени во болница
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопштил дека се регистирани пожари во близина на бензиска пумпа, градилиште и неколку станбени блокови, како и во две куќи. Дополнително, пријавени се и прекини на електричната енергија низ целиот град
Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени во масовен напад што руските сили во текот на ноќта го извршиле врз повеќе украински градови, објави Би-би-си, ннаведувајќи дека цел на напади бил и главниот град на Украина, Киев.

Според извештајот на британскиот национален радиодифузер, во нападите во раните утрински часови пет лица се убиени во градот Днипро, додека 25 се повредени, а уште четири лица смртно настрадале во Киев. Во рускиот напад на главниот град на Украина повредени биле најмалку 51 лице, од кои 35 се пренесени во болница.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во нападот биле погодени две високи станбени згради во градот и оти постојат стравувања дека има заробени луѓе под урнатините.
Москва минатата недела предупреди дека ќе започне систематски напади врз Украина како одмазда за нападот со беспилотни летала што украинските сили минатиот месец го извршија врз студентски дом регионот Луганска, кој е под руска контрола. Во овој напад загинаа 21 лице.
Градоначалникот на Киев ги повикал жителите на градот да останат во засолништата, додека шефот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко соопштил руските сили го напаѓаат градот со балистички ракети.
Големи облаци чад можеле да се забележат како се издигаат од центарот Киев, додека предупредувања за воздушен напад биле издадени низ поголемиот дел на Украина.
Напади се пријавени и во Русија, каде центарот за итни интервенции во Краснодраскиот регион пријавил пожар во рафинеријата во Илски која, велат извештаите, била цел на беспилотни летала. Според локалната служба за итни случаи, нема жртви како последица од нападот.
Додека траеле руските напади врз Киев во раните утрински часови, „зуење“ на беспилотни летала можело да слушне помеѓу повеќе од десетина гласни експлозии кои одекнале во главниот град на земјата. Според градоначалникот Кличко, регистирани се пожари во близина на бензиска пумпа, градилиште и неколку станбени блокови, како и во две куќи. Дополнително, пријавени се и прекини на електричната енергија низ целиот град.
Според извештаите, цел на нападите бил и индустриски објект во регионот Запорожје.
Нападите доаѓаат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ги повтори предупредувањата за можен голем руски напад и ги повика жителите да обрнат посебно внимание на предупредувањата за воздушен напад.
„Предупредувањата од разузнавањето во врска со руските напади остануваат на сила. Можен е масовен напад“,
рече Зеленски во своето редовно вечерно видеообраќање.
Минатата недела Русија соопшти дека нападнала воени и комадни центри во Киев, и истовремено ги повика странските државјани и дипломатските претстаници да го напуштат градот, предупредувајќи од масовен напад како одговор на ударот врз студентскиот дом во Старобилск, кој, според Кремљ, украинските сили го извршиле намерно. Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека ноќта помеѓу 21 и 22 мај извршил напад во близина на Старобилск, тврдејќи дека цел била руска воена единица, специјализирана за напади со беспилотни летала.

Киев соопшти дека заканите од Русија не се ништо помалку од бесрамна уцена и ги повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Москва.
Откако истече краткото примирје во мај, Русија започна неколку бранови ракетни и беспилотни напади врз Киев, меѓу кои и напади врз станбена зграда во кои загинаа 24 лица, вклучувајќи и три деца.
Во украински напад со беспилотни летала врз московскиот регион, пак, загинаа три лица, а Зеленски ударот го оцени како целосно оправдан одговор на руските напади.
