Најмалку 59 лица загинаа, а 150 се повредени во стампедо, откако толпа луѓе се втурнаа во централниот кварт на јужнокорејската престолнина Сеул, за време на прослава на Ноќта на вештерките, објави Ројтерс.
Инцидентот се случил околу 22.20 часот по локално време. Голем број луѓе паднале во тесна уличка за време на одбележувањето на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.
Бројот на жртви може да е и поголем, бидејќи спасувачките напори сè уште се во тек.
Меѓу хоспитализираните има и странци.
Властите соопштија дека ја истражуваат точната причина за инцидентот.