По вчерашната посета на Белград, во рамки на својата последна посета на регионот како канцеларка, Меркел денеска во албанската престолнина ќе има средби со лидерите од земјите на Западен Балкан
Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Тирана, каде што албанскиот премиер Еди Рама ја пречека со највисоки државни почести.
По вчерашната посета на Белград, во рамки на својата последна посета на регионот како канцеларка, Меркел денеска во Тирана ќе има средби со лидерите од земјите на Западен Балкан.
Нашата владина делегација во Тирана ја предводи премиерот Зоран Заев, кој е придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Посетата на Меркел на регионот се смета за нов поттик за Берлинскиот процес, иницијатива силно поддржана од германската канцеларка, која почна во 2014 година и има за цел зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, во областа на економијата, транспортот и енергетиката.