Премиерот Димитар Ковачевски во видео обраќање до јавноста го стави акцентот на економската криза, а зборуваше и за донесениот пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра.
„Кога пред 50 дена кога ја преземав функцијата премиер реков дека ова ќе биде кризна година полна предизвици. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард, ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците“
истакна Ковачевски.
Тој потоа истакна дека „со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот им се давало поддршка на граѓаните и компаниите.“, а истакна и дека Владата „ќе продолжи да работи посветено за побрз излез од кризата“, притоа испраќајќи и апел до граѓаните и компаниите за порационално користење на енергетските ресурси.
„Сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме“,
нагласи Ковачевски.