Протестите во Иран се интензивираа вчера, бидејќи организаторите на протестот повикаа на тридневна акција во знак на сеќавање на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото. Станиците на подземната железница и јавниот превоз, кои често се патролирани од моралната полиција, станаа место на државно насилство и надзор над жените
Иранските безбедносни сили пукале во луѓе на метро станица во Техеран и тепале жени кои не носеле хиџаб, пишува Гардијан.
Снимката споделена на социјалните мрежи покажува патници кои трчаат кон излезите, при што многумина паѓаат и се прегазени, откако полицијата пукаше во луѓето на станицата на метрото.
Полицајците биле снимени низ прозорците на возот како минуваат низ вагоните и тепаат жени со палки.
Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина на 16 септември во притворот на моралната полиција, откако беше уапсена поради кршење на иранскиот строг кодекс на облекување за жените.
نیروهای جمهوریاسلامی به مترو هجوم برده و در آنجا مردم را کتک میزنند. تهران ، ۲۴ آبان#مهسا_امینی pic.twitter.com/rne553ZokS
— +۱۵۰۰تصویر (@1500tasvir) November 15, 2022
Протестите во Иран се интензивираа вчера, бидејќи организаторите на протестот повикаа на тридневна акција во знак на сеќавање на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото. Станиците на подземната железница и јавниот превоз, кои често се патролирани од моралната полиција, станаа место на државно насилство и надзор над жените.
На почетокот на септември, секретарот на иранскиот штаб за промовирање доблест и спречување на пороците, Мохамад Салех Хашеми Голпајегани, објави дека владата планира да користи технологија за препознавање лица за да ги таргетира жените фатени на безбедносните камери на јавниот транспорт.
Државата во моментов врши репресија против антивладините демонстранти, а досега пет лица поврзани со протестите се осудени на смрт.