За утре се прогнозира нестабилно време, со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени.
За утре се прогнозира нестабилно време, со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Во понеделник, врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север, температурата ќе опадне за неколку степени.
