Според тимот на Навални, како што пренесува Си-ен-ен, неговиот ковчег бил спуштен во вечното почивалиште со звуците на песната „My Way“ од Френк Синатра. Неговиот тим, исто така, на платформата Јутуб вршеше директен пренос во живо од денешната церемонија и рече дека се бори со преносот во живо поради проблеми со интернетот на локацијата
Сопругата на Навални, Јулија, и двете деца не присуствуваа на погребот на Алексеј. Тие во моментов живеат во странство и одлучиле да не патуваат во Русија, како што наведува Би-би-си, поради загриженоста за можна репресија од Кремљ
Илјадници луѓе денеска на гробиштата „Борисов“ во Москва му оддадoa почит на Алексеј Навални, пренесува Би-би-си. Како што велат странските медиуми, на многумина што биле во црквата и на гробиштата им требало храброст да се појават, а тоа го направиле и покрај можните ризици по нивниот живот.
Церемониите во црквата и на гробиштата биле проследени со скандирања од присутните кои извикувале „Навални нема да те заборавиме“, „Русија без Путин“, „Ти не се плашеше, не се плашиме ни ние“.
На видеото од гробиштата „Борисов“ каде што е погребан рускиот опозиционер Алексеј Навални се гледа како неговиот татко и мајка стојат покрај ковчегот.
Неговото тело беше погребано денеска попладне на гробиштата „Борисов“ во Москва, две недели откако почина во сибирскиот затвор.
Според Би-би-си, за време на погребот на Навални имало значително полициско присуство и голем број лица во безбедносни униформи.
Најмалку 400 луѓе беа приведени само поради што положуваа цвеќе на денот на неговата смрт на 16 февруари.
Според тимот на Навални, како што пренесува Си-ен-ен, неговиот ковчег бил спуштен во вечното почивалиште со звукот на песната „My Way“ од Френк Синатра.
Тимот на Навални на платформата Јутуб вршеше директен пренос во живо од денешната церемонија и рече дека се бори со преносот во живо поради проблеми со интернетот на локацијата
На видеото било покажано и неговото тело во ковчег.
Сопругата на Навални, Јулија, и двете деца не присуствуваа на погребот на Навални. Тие во моментов живеат во странство и одлучиле да не патуваат во Русија, како што наведува Би-би-си, поради загриженоста за можна репресија од Кремљ.
Таа на својот инстаграм-профил напиша дека му се заблагодарува на Навални, како што рече, за 26 години апсолутна среќа.
„За љубовта, што секогаш ме поддржуваше, што ме насмеа дури и од затвор, за тоа што секогаш мислеше на мене. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да те направам среќен за мене и горд на мене. Не знам дали можам да се снајдам или не, но ќе се обидам. Дефинитивно ќе се сретнеме еден ден“,
напиша таа.
Таа објави и снимка од нивните заеднички моменти.
Лёша, спасибо тебе за 26 лет абсолютного счастья. Да, даже за три последних года счастья. За любовь, за то, что всегда поддерживал, за то, что смешил даже из тюрьмы, за то что ты обо мне всегда думал.
— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) March 1, 2024
Я не знаю, как жить без тебя, но я постараюсь так, чтобы ты там, наверху,… pic.twitter.com/ybF31AuD47
Откако телото на Алексеј Навални беше погребано на гробиштата надвор од Москва, американската амбасада во Русија објави соопштение во кое го споменува починатиот опозициски лидер како светол пример за тоа што Русија може и треба да биде.
Alexey Navalny remains a shining example of what Russia could & should be. His death is a tragic reminder of the lengths the Kremlin will go to silence its critics. Our hearts go out to his family, friends, supporters, & all those he has inspired to work for a brighter future. pic.twitter.com/uPZlEEyJNN
— Посольство США в РФ/ U.S. Embassy Russia (@USEmbRu) March 1, 2024
„Неговата смрт е трагичен потсетник за она што Кремљ ќе направи за да ги замолчи своите критичари. Нашите срца се со неговото семејство, пријателите, поддржувачите и сите оние што ги инспирираше да работат за посветла иднина“,
се вели во соопштението на амбасадата објавена на социјалната мрежа Икс.
Лин Трејси, американската амбасадорка во Русија, беше видена претходно во текот на денот како положува цвеќе на споменикот на починатиот опозициски лидер заедно со своите западни колеги од Германија и Франција.